Политика за приватност

 

Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страницата www.aleks-sistemi.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци нa АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ.
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ како давател на услугите на Интернет страницата www.aleks-sistemi.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ и како истите ги користи.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: info@aleks-sistemi.mk.
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет сраница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови за приватност на податоците и начинот на примена од страна на www.aleks-sistemi.mk интернет страницата
Доколку крајниот корисник не се сложува со оваа Изјава на приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи Интернет страницата www.aleks-sistemi.mk
.

АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ може да ја промени оваа изјава на приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст на изјавата на приватност на податоците во делот “Изјава на приватност„ на Интернет страницата. Измената на изјавата на приватност стапува на сила веднаш по објавата на Интернет страницата www.aleks-sistemi.mk
Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Изјавата на приватност. Продолжување на користењето на оваа Интернет страница од страна на Крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека Крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата Изјава на приватност.

АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ собира информации кои што го идентификуваат специфичиот Краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на  Интернет страницата, како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ може да побара од Крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презима, адреса (вклучувајќи и поштенски број), e-mail адреса, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ или нивниот давател на услуги за дитрубуција на производите, може исто така може да побара од Крајниот корисник увид во неговата лична карта, односно да побара согласност за скенирање на личната карта во моментот на испорака на пакетите при превземање на робата лично од страна на Крајниот корисник со цел да се евидентира кој го превземал пакетот т.е приложување на тој документ за Евиденција на купувачот на каталошната продажба.
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако Крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ нема да ги споделува личните податоци на Крајниот корисник со надовершни страни освен во случаи наведени во следната точка и во ситуација кога тоа го бараат законските прописи.


АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ ќе ги користи личните податоци за испраќање и диструбиција на административни и промотивни e-mail пораки, анализа на податоците, обработка на плаќањата со кредитни картички. АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ може да ги сподели личните податоци на Крајниот корисник со давателот на услугата за дистрибуција на производите за исполнување на нарачките, испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки.
Крајниот корисник има можност да пристапи и да ги промени личните податоци кои што ги нуди
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ. Крајниот корисник може да промени било кој од своите лични податоци со испраќање на e-mail порака на . Во таа e-mail порака Крајниот корисник треба да го наведе своето име и презиме, адреса и e-mail адреса т.е информациите кои што сака да ги надополни.
Како услов за купување на производите на
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ, првното лице бара дозвола од Крајниот корисник за испраќање на Административни и Промотивни e-mail пораки. Доколку Крајниот корисник не сака да добива e-mail пораки во било кое време по регистрацијата може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки со испраќање на e-mail порака на или со одбирање на опцијата откажување од “newsletter” која што се наоѓа на секоја “newsletter” порака.
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ сериозно ги зима во предвид заштитата на податоците и превземени се различни мерки на претпазливост за да се заштитат личните податоци. Нажалост, ниту еден пренос на податоците преку Интернет или било која бежична мрежа не може да биде 100% сигурен. Како последица од тоа, иако  АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ спроведува комерцијално разумни мерки за заштита на податоците не може да гарантира заштита на било која информација пренесена на, или од www.aleks-sistemi.mk интернет страницата т.е не е одговорен за активностите на било која трета страна која ќе ги прими тие информации.
Малолетници помлади од 14 години не смеат да ја користат Интернет страницата www.aleks-sistemi.mk.
АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ не прибира или задржува информации од било кого кој што е помлад од 14 години затоа ниту еден дел од оваа Интернет страница не е дизајниран на начин да привлече било кого кој што е помлад од 14 години.

Последни промени: 11.04.2022 год.

Контакт

За дополнителни информации контактирајте нè на info@aleks-sistemi.mk

АЛЕКС СИСТЕМИ ДООЕЛ СВЕТИ НИКОЛЕ
УЛ. 
Плоштад Илинден бр. 58, 2220 Свети Николе
ЕДБ: 
МК4025008500565
Матичен број: 
6342183

 

 

МЕНИ